Во последната една недела се неутрализирани 32 терористи

Во реализираните операции во рамките на борбата против тероризмот внатре во земјата и надвор преку границата во последната една недела се неутрализирани 32 терористи

Во последната една недела се неутрализирани 32 терористи

Во реализираните операции во рамките на борбата против тероризмот во последната една недела се неутрализирани 32 терористи.

Во неделното информирање од Министерството за национална одбрана беа дадени информации во врска со борбата против терористичките организации на чело со ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ како внатре во земјата, така и надвор преку границата.

Според тоа, во периодот од 30 ноември до 6 декември непрестано продолжија операциите од голем и среден обем во подрачјата на градовите Дијарбакир, Тунџели, Шанлиурфа и Ширнак кои се користат како места за засолнување и маршрути за префрлување во земјата од страна на терористичката организација ПКК/КЏК.

Во реализираните операции се неутрализирани 32 терористи, а се доведени во неупотреблива состојба и 39 наоружани позиции, засолништа и складишта на терористите.

Во рамките рамките на операцијата Еуфратски штит од страна на Слободната сириска армија (ССА) поддржана од Турските вооружени сили (ТВС), е воспоставена контрола во 243  населени места и на површина од вкупно 2.015 квадратни километри, на просторот меѓу Азез и Џераблус.

Бројот на неутрализираните терористи од почетокот на операцијата Маслиново гранче  во подрачјето на Африн пак, изнесува 4.586 терористи.

Во подрачјето на Африн кое заклучно со 18 март е земено под контрола на Турските вооружени сили (ТВС) и Слободната сириска армија (ССА), се уништени 294 мини и 1.647 експлозивни направи од рачна изработка.

 



Слични вести