Анкара: „Турција е заштитник на Курдите а не непријател“

Проблемот на Турција е сепаратистичко-терористичката организација ПКК и нејзините фракции во Сирија

Анкара: „Турција е заштитник на Курдите а не непријател“

Официјална Анкара во одговорот во врска со изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека Турција е заштитник на Курдите, а не непријател.

Професорот Фахретин Алтун, претседателот на Управата за комуникации при претседателството одговори на изјавата на американскиот претседател Трамп.

Алтун на профилот преку твитер напиша дека „Турција е заштитник на Курдите а не непријател. Турција нема никакви проблеми со Курдите.“

На постот преку твитер Алтун истакна дека проблемот на Турција е сепаратистичко-терористичката организација ПКК и нејзините фракции во Сирија.

„ПКК и нејзините фракции ПЈД и ЈПГ во Сирија се терористички организации. Турција одлучно ќе продолжи со борбата против тероризмот“ рече Алтун.



Слични вести