Чавушоглу: „Идејата за формирање безбедносна зона припаѓа на Турција, а не на Трамп“

Тоа е предлог на нашиот претседател до сите Европејци, вклучувајќи ги и Русите

Чавушоглу: „Идејата за формирање безбедносна зона припаѓа на Турција, а не на Трамп“

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу рече дека „идејата за формирање безбедносна зона припаѓа на Турција, а не на Трамп“.

На заедничката прес конференција со министерот за надворешни работи и евроинтеграции на Луксембург Жан Аселборн во резиденцијата на МНР, Чавушоглу се осврна на формирањето безбедносна зона од 30 км на северната страна на Сирија.

Чавушоглу во врска со тоа рече: „Во врска со формирањето 30 км безбедносна не пристигна предлог од САД, но тоа не е идеја на САД. Тоа е предлог на нашиот претседател до сите Европејци, вклучувајќи ги и Русите. На секоја средба со европските претставници го изнесовме овој наш предлог. Поранешниот американски претседател Барак Обама не сметаше дека оваа идеја е остварлива. Изнесувајќи низа изговори не ја поддржаа оваа наша идеја. Откако ја увидоа решителноста на Турција, овојпат самите почнаа да ја изнесуваат истата идеја.“

Во врска со повлекувањето од Сирија, Трамп е изложен на сериозен притисок, рече Чавушоглу потенцирајќи дека безбедносните единици на САД вршат притисок (врз Трамп) за повлекување (од Сирија).

Во освртот на постовите и пораките на Трамп против внатрешната политика на Турција, Чавушоглу истакна дека стратешките партнери не дискутираат преку социјалните медиуми. Вашите комуникациски канали секогаш се отворени. Ние рековме дека нема да се уплашиме од ниту една закана. Не може да се постигне ништо со економски закани“ рече Чавушоглу.



Слични вести