Ибрахим Калин: „Терористите не можат да бидат партнери и сојузници на САД“

смртоносна грешка е поистоветувањето на Курдите, ПКК која се наоѓа на списокот на терористички организации на САД и нејзината фракција во Сирија, ПЈД/ЈПГ

Ибрахим Калин: „Терористите не можат да бидат партнери и сојузници на САД“

Ибрахим Калин, портпаролот на претседателството остро реагираше на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп против Турција.

Калин рече: „Почитуван Доналд Трамп, терористите не можат да бидат ваши партнери и сојузници. Турција од САД очекува да ги исполни обврските кои произлегуваат од стратешкото партнерство и да не бидат засенчени со терористичка пропаганда“.

Калин во одговорот на изјавата на Трамп преку профилот на твитер кои предизвикаа бурни реакции го истакна следното:

„Почитуван Доналд Трамп, смртоносна грешка е поистоветувањето на Курдите, ПКК која се наоѓа на списокот на терористички организации на САД и нејзината фракција во Сирија, ПЈД/ЈПГ. Турција води беспоштедна борба против терористите, а не против Курдите. Секако дека Турција ќе ги брани Курдите и другите Сиријци од терористичките закани.

Почитуван Доналд Трамп, терористите не можат да бидат ваши партнери и сојузници. Турција од САД очекува да ги исполни обврските кои произлегуваат од стратешкото партнерство и да не бидат засенчени со терористичка пропаганда“.



Слични вести