Ердоган и Трамп разговараа телефонски за билатералните односи и за последните случувања во Сирија

Во објавеното соопштение од кабинетот на претседателот во врска со телефонскиот разговор се истакнува дека двајцата лидери Ердоган и Трамп во разговорот освен за билатералните односи стана збор за последните случувања во Сирија

Ердоган и Трамп разговараа телефонски за билатералните односи и за последните случувања во Сирија

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп.

Ердоган му рече на Трамп дека Турција не води борба против Курдите, туку против терористичките организации кои претставуваат закана за нејзината безбедност.

Велејќи дека ја дочекаа со задоволство одлуката на Трамп за повлекување од Сирија, претседателот Ердоган потсети дека во овие рамки Турција е спремна да ја даде секој вид поддршка на својот НАТО сојузник, САД.

Во објавеното соопштение од кабинетот на претседателот во врска со телефонскиот разговор се истакнува дека во разговорот освен за билатералните односи стана збор за последните случувања во Сирија.

Според соопштението, двајцата лидери воедно нагласија дека за да на дојде до празнина во авторитетот во подрачјето треба да се заокружи Патната карта за Менбич и дека не треба да им се даде прилика на елементите кои сакаат да го попречат ставањето во примена на одлуката за повлекување, а освен тоа се осврнаа на значењето на здравата комуникација со јавноста.

Исти извори го истакнаа тоа дека Ердоган и Трамп ја разгледаа и идејата за формирање на безбедна зона исчистена од тероризмот во северниот дел на Сирија, на основа на територијалниот интегритет на Сирија.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во телефонскиот разговор нагласи дека Турција нема никаков проблем со Курдите, и дека целта е да се води борба против терористичките организации ДЕАШ, ПКК и продолжетоците на ПКК во Сирија, кои претставуваат закана за нејзината национална безбедност. 

Инаку, вчерашната изјава на Трамп околу тоа дека „доколку Турција реализира операција против Курдите во Сирија ќе ја постават за цел турската економија“ наиде на силна реакција кај Анкара.

Двајцата лидери, Ердоган и Трамп во остварениот телефонски разговор постигнаа согласност и по прашањето на издигнување на економските односи помеѓу двете земји на понапредно ниво.

 



Слични вести