(ВИДЕО) Треба да се зголеми радиодифузната соработка со Кувајт

Генералниот директор на Турската радио и телевизија (ТРТ) Шенол Ѓока рече дека треба да се зголеми радиодифузната соработка со Кувајт.

Новиот амбасадор на Кувајт во Анкара Гасам Јусуф Завави кој беше назначен неодамна го посети генералниот директор на ТРТ Шенол Ѓока.

Генералниот директор Ѓока на средбата рече дека радиодифузната соработка меѓу двете земји започна пред 25 години и потенцираше дека ТРТ има добра соработка со Кувајт во сферата на радиото и телевизијата. Истите треба да ги искачиме на повисоко ниво.

Треба да се фрлат потребните чекори за зајакнување на соработката меѓу двете земји на тоа поле, посочи Ѓока потенцирајќи дека со Кувајтската телевизија сакаме да воспоставиме соработка како од аспект на емисиите на арапски јазик така и од аспект на емисиите на турски јазик. Секако дека за остварување заеднички проекти и серии на приврзаниците на двете култури кои имаат големи сличности како и промоцијата на народите на двете земји, голема задача и одговорност споделуваме и ние. Се надеваме дека со вашата посета и посебното внимание што го покажавте ќе имаме можност да ја зајакнеме соработката, рече Ѓока.