Бројот на загинатите во поплавите во Јапонија се зголеми на 134 лица

Бројот на загинатите во поплавите во западна и централна Јапонија кои потпаднаа под неповолното влијание на поројните дождови како и поплавите и лизгањето на земјиштето се зголеми на 134 лица.

Жртви имаше во Хирошима, Ехиме, Окајама, Јамагучи, Кјото, Гифу, Шига, Хјого. Кочи и Фукуока.

Портпаролот на владата Јошиде Суга на прес конференцијата што ја одржа рече дека во поплавите и лизгањето на земјиштето исчезнале најмалку 50 лица.

Бројот на персоналот на екипите на цивилна заштита, крајбрежната стража, полицијата и противпожарната служба кои учествуваа во активностите за пребарување и спасување се зголеми на 75 илјади, рече Суга потенцирајќи дека во активностите за пребарување учествуваа и 80 хеликоптери.

Во рамките на борбата против поплавите беше формиран и специјален комитет и беше одвоен буџет од 18 милиони долари, рече Суга.

Претходно во 19 провинции во Јапонија беше издадена наредба за евакуација на 5,9 милиони лица.

Како последица на елементарната непогода и катастрофа премиерот Шинзо Абе ја одложи турнејата по Европа и Блискиот Исток.