Доналд Трамп и Ким Јонг-ун се состанаа во Сингапур

Средбата помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун  која се очекуваше со голема заинтересираност ширум светот се одржа во хотелот Капела на островот Сентоса во Сингапур.

Самитот започна во 09:00 часот спроед локално време со историско ракување помеѓу двајцата лидери коио пред средбата дадоа куси изјави за претставниците на печатот.