(ВИДЕО) Ердоган престојува во официјална посета на Србија

Претседателот на Република Турција Реџеп Тајип Ердоган престојува во дводневна официјална посета на Србија.

Ердоган на аеродромот Никола Тесла во Белград беше пречекан од страна на претседателот на Александар Вучиќ и претставниците на Владата.

Во делегацијата во придружба на претседателот Ердоган учествуваат сопругата Емине Ердоган, началникот на генералштабот генерал на армија Хулуси Акар, потпретседателот на владата Фикри Ишик, министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу, министерот за енергетика и природни ресурси Берат Албајрак, министерот за евроинтеграции Омер Челик и министерот за економија Нихат Зејбекчи.