Турската компанија ТУСАШ/ТАИ вложува напори за продажба на воздушните платформи

Земјите членки на АСЕАН имаат значајно место од аспект на извозот на воздушните платформи кои ги произведува ТАИ

Турската компанија ТУСАШ/ТАИ вложува напори за продажба на воздушните платформи

Турската компанија за воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ/ТАИ) со воздушните платформи кои ги произведува бара да влезе меѓу набавувачите на Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН).

ТАИ продолжува со интензивните преговори со претставниците на земјите учеснички на Саемот за одбрана и безбедност на Тајланд како и набавувачите.

Генералниот директор на компанијата ТУСАШ/ТАИ Темел Котил и членовите на делегацијата во негова придружба остварија низа средби со претставниците на земјата домаќин на саемот Тајланд како и земјите во Азиско-пацифичкиот регион како што се Малезија, Индонезија, Филипините и Виетнам. На средбите беа разменети мислења  во врска со можностите за унапредување на соработката и извозот. Меѓудругото остварија и средби со делегациите на Сингапур и Јужна Кореја.

Земјите членки на АСЕАН имаат значајно место од аспект на извозот на воздушните платформи кои ги произведува ТАИ.

На Тајланд и беше предложена соработка во врска со хеликоптерите Атак. Делегацијата на компанијата во претстојните денови ќе отпатува во посета на Тајланд и ќе продолжи со средбите за продажба на хеликоптерот Атак.

Малезија се интересира за беспилотното летало Анка. По доставувањето на предлогот од страна на претставниците на ТАИ, се очекува разгледувањето на истиот од страна на малезиските претставници.

Исто така и Индонезија одржува преговори во врска со беспилотното летало Анка. Претставниците на ТАИ, предлогот во врска со цената на Анка им го доставија на индонезиските власти.

Освен земјите членки на АСЕАН, исто така и јужноазиската земја Бангладеж се интересира за авионот за обука Хуркуш.

ТАИ презеде значаен потфат во врска со Заливските земји и ќе учествува на аеромитингот во Дубаи што ќе се одржи од 12 до 16 ноември.



Слични вести