Сајбер напад на веб страниците на училиштата во САД

Федералното истражно биро (ФБИ) започна истрага за утврдување на одговорните

Сајбер напад на веб страниците на училиштата во САД

На веб страниците на локалните училишта во САД на кои секојдневно влегуваат по стотици ученици, од страна на компјутерските хакери беше насочена една видео снимка на која се изразува поддршка на терористичката организација ДЕАШ.

Властите соопштија дека веб страниците на училиштата во Тускон-Аризона, Њутаун во Конектикат, Глучестер Каунтри во Вирџинија и Блумфилд во Њу Џерси одреден период биле изложени на сајбер напади на компјутерските хакери.

Федералното истражно биро (ФБИ) започна истрага за утврдување на одговорните кои ја насочија видео снимката во која се изразува поддршка на терористичката организација ДЕАШ, а која беше објавена на веб страниците на училиштата кои секојдневно се посетуваат од страна на стотици ученици.

Управата на училиштето во подрачјето Блумфилд соопшти дека во понеделникот на веб страницата на училиштето околу 2 часа беше емитувана видео снимката на ДЕАШ.

Компанијата „SchoolDesk“ со седиште во Атланта соопшти дека техничарите откриле едно мало досие кое било приклучено кон изворот на веб страниците на училиштата, а кое веб страниците на околу 800 регионални веб страници и страници на училиштата ги насочило кон видеото на Јутјуб кое содржеше фотографија на Садам Хусејин и аудио порака на арапски јазик.

Компанијата соопшти дека хакерската акција негативно се одразила врз веб страниците на некои приватни и државни установи.



Слични вести