Успешен тестот со садење коса врз заморчињата во Јужна Кореја

Биохемиската смеса ПТД-ДБМ ги спречува компликациите и обезбедува повторно растење на косата

Успешен тестот со садење коса врз заморчињата во Јужна Кореја

Во рамките на истражувањата Јужна Кореја беше постигнат успех во порастот на косата на заморчињата.

Универзитетот Јонсеи во Сеул со примена на еден нов биохемиски состав постигна успех во растот на косата врз заморчињата глувчиња за 28 дена.

„Биохемиската смеса ПТД-ДБМ ги спречува компликациите и обезбедува повторно растење на косата“ рече професорот Канг-Јел Чои и потенцираше:

„Од новиот хемиски состав очекуваме да се применува и во лекувањето на оштетената кожа и ткивата, а не само во случаи на губење на косата“.



Слични вести