Откриена најоддалечената ѕвезда

НАСА соопшти дека за време на истражувањето на вселената вселенскиот телескоп Хабл забележал ѕвезда, оддалечена 9 милијарди светлосни години од Земјата.

Откриена најоддалечената ѕвезда

Националната администрација за аеронаутика и вселена (НАСА) соопшти дека за време на истражувањето на вселената вселенскиот телескоп Хабл забележал ѕвезда, оддалечена 9 милијарди светлосни години од Земјата.

Научниците на НАСА за време на истражувањето на експлозијата на супернова, сосема случајно, благодарение на специјален оптички ефект, успеале да забележат голема џиновска сина ѕвезда, која е најоддалечената ѕвезда забележана досега.

Истражувачката екипа предводена од Патрик Кели од Универзитетот Минесота во САД, на новооткриената ѕвезда ѝ го дaде името „Икарус“, кој е лик од грчката митологија што полетал со крилја изработени од пердуви, прицврстени со восок, а кога Икарус почнал да се доближува кон Сонцето, восокот почнал да се топи.

Научниците успеале да го визуелизираат Икарус благодарение на таканаречениот ефект на леќа „гравитациска рефракција“ во испитувањето на длабоката вселена, при што светлината што потекнува од далечните галаксии во заден план, се прекршува и искривува од гравитациската сила на галаксиите и галактичките остатоци.

Научниците при испитувањето на експлозијата на супернова во близина на галактичкото јато „MACS J1149+2223“, кое е оддалечено 5 милијарди светлосни години од Земјата, во 2016 година во внатрешноста на галактичкото јато забележале светлина која претходно не била забележана.

Истражувачите, според извршената анализата на бојата, открија дека станува збор за сина џиновска ѕвезда. Екипата за откриената ѕвезда во позадина, соопшти дека е откриена по промена на позицијата на една ѕвезда во галактичкото јато со големина приближна на нашето Сонце.



Слични вести