Успешно реализирани тест палбите на системот мобилна хаубица „Боран“

Системот мобилна хаубица од типот „Боран“ во голема мера ќе ја зголеми логистичката и тактичко-маневарската способност на Турските вооружени сили (ТВС) и располага со максимален домен од 17 километри

Успешно реализирани тест палбите на системот мобилна хаубица „Боран“

Успешно реализирани тест палбите на системот мобилна хаубица од типот „Боран“ со калибар од 105 милиметри кој што во голема мера ќе ја зголеми логистичката и тактичко-маневарската способност на Турските вооружени сили (ТВС).

Од крајот на годината се планира да започне сериското производство на овој систем на оружје кој што благодарение на неговата лесна градба располага со карактеристика да може да се носи со хеликоптери на местото каде се реализира воената операција. 

Со помош на овој систем се има за цел да се обезбедат потребите на командоските и пешадиските воени единици при реализација на десантна операција.

Системот на хаубица од типот „Боран“ ќе биде во усогласеност со структурите на единиците за кои станува збор и ќе може да се носи од воздух.

„Боран“ во голема мера ќе ја зголеми логистичката и тактичко-маневарската способност на Турските вооружени сили (ТВС) и располага со максимален домен од 17 километри.

Системот е тежок максимално 1.720 килограми и ќе може да се носи (транспортира) со хеликоптери за општа намена Sikorsky S-70 како надворешен товар и со хеликоптери од типот Chinook CH-47 и како надворешен и како внатрешен товар.

Министерот за одбрана Нуреттин Џаникли на својата сметка преку социјалната мрежа Твитер соопшти дека е произведен нов домашен и национален систем на оружје за обезбедување на потребите на командоските и пешадиските воени единици при реализација на десантна операција.

Министерот Џаникли во една друга своја објава на Твитер напиша дека е обезбедена можност за производство на муницијата на хаубицата со калибар од 155 милиметри со сите нејзини помошни делови, со домашни и национални можности.

„Амбаргата продолжуваме да ги надминуваме со домашно и национално производство.“ - напиша министерот за одбрана Нуреттин Џаникли во својата објава на социјалната мрежа Твитер.

 



Слични вести