Ф-35 од петтата генерација борбени авиони го реализира својот прв тест лет

Според добиени информации од Kokpit.aero по тест летовите и останатите процедури се планира воениот авион Ф-35 од петтата генерација борбени авиони, на 21 јуни да им се испорача на Турските вооружени сили

Ф-35 од петтата генерација борбени авиони го реализира својот прв тест лет
Ф-35 од петтата генерација борбени авиони го реализира својот прв тест лет
Ф-35 од петтата генерација борбени авиони го реализира својот прв тест лет

Според добиени информации од Kokpit.aero по тест летовите и останатите процедури се планира воениот авион Ф-35 од петтата генерација борбени авиони, на 21 јуни да им се испорача на Турските вооружени сили.

Воениот авион Ф-35 од петтата генерација борбени авиони, за кој што се планира да и се испорача на Турција од страна страна на САД, го реализира својот прв тест лет.

Авионот со број на опашката 18-001 на 10 мај полета од постројките на фабриката Локид Мартин (Lockheed Martin) во сојузната држава Тексас во САД.

Со авионот управуваше тест пилотот Commander Wilson.

На воениот авион Ф-35 внимание привлече логото на Турските воздушни сили.

За време на првиот тест лет турскиот воен авион Ф-35 беше придружуван од страна на воен авион од типот Ф-16 на компанијата Локид Мартин.

Според добиени информации од Kokpit.aero по тест летовите и останатите процедури се планира воениот авион Ф-35 од петтата генерација борбени авиони, на 21 јуни да им се испорача на Турските вооружени сили.

Воените авиони Ф-35 се планира во септември годинава да бидат донесени во Командата на 7-та главна џет-база стационирана во градот Малатја.

Воените авиони од типот Ф-35, од петтата генерација борбени авиони се произведуваат во три верзии и тоа авиони кои можат да полетуваат конвенционално (хоризонтално), кои можат да слетаат со кусо полетување-вертикално и кои можат да слетаат на бродови носачи на авиони (F-35C / CV).

Инаку, во проектот за производство на петтата генерација борбени авиони Ф-35 кој е познат и како Програма за заедничка офанзива, освен Турција учествуваат и САД, Велика Британија, Италија, Холандија, Канада, Австралија, Норвешка и Данска.



Слични вести