Турски АСЕЛСАН и јордански JOSecure потпишаа меморандум за соработка

Согласно потпишаниот договор на третиот ден на саемот ќе можат да се споделуваат одредени технички информации помеѓу турската компанија за воена електронска индустрија АСЕЛСАН и јорданската компанија JOSecure

Турски АСЕЛСАН и јордански JOSecure потпишаа меморандум за соработка

Помеѓу турската компанија за воена електронска индустрија АСЕЛСАН и јорданската компанија JOSecure е потпишан меморандум за соработка по прашањето на стратешката соработка во сферата на безбедносните производи и системи.

На 12-сетата Конференција и саем на специјални оперативни сили SOFEX 2018 во главниот град на Јордан Аман учествуваа 99 официјални делегации и повеќе од 400 учесници од 53 земји.  

Согласно потпишаниот договор на третиот ден на саемот ќе можат да се споделуваат одредени технички информации помеѓу двете компании.

Страните ќе остварат деловни разговори за искористување на можните прилики во врска со промоцијата, маркетингот и снабдувањето на безбедносните производи и системи на АСЕЛСАН во Јордан и во други земји.

Во таа насока договорот со кој што ќе се постави основата на една нова соработка има за цел да му се доставуваат на Јордан напредни безбедносни решение и да се одговори подобро на потребите на муштериите со оформување на една силна база на снабдување. 

Турската компанија за воена електронска индустрија АСЕЛСАН делува со цел обезбедување на голем број електронски системи и потребите од производи, а пред се електро-оптичките системи на јорданските вооружени сили, цивилните институции во Јордан и на други земји, а воедно врши и активности како што се производство, продажба, дистрибуирање, техничка поддршка и сервис по продажбата.

Јорданската компанија JOSecure пак дава безбедносни услуги во Јордан и обезбедува интегрирани безбедносни системи, опрема и технички консалтинг услуги.

 



Слични вести