Прототипот на носачот на оружје Парс 4x4 промовиран на Саемот Еуросатори во Парис

Носачот на оружје Парс 4x4 е прилагоден за сите теренски услови

Прототипот на носачот на оружје Парс 4x4 промовиран на Саемот Еуросатори во Парис

Прототипот на носачот на оружје (СТА) Парс 4x4 кој беше усовршен за потребите на Командата на копнените сили, првпат беше изложен на Меѓународниот саем за одбрана и безбедност Еуросатори во Парис.

Носачот на оружје Парс 4x4 е прилагоден за сите теренски услови, додека како резултат на брзината и високата маневарска способност од далечно растојание може да ги уништува непријателските тенкови и други оклопни возила. Носачот на оружје Парс беше усовршен така да за многу кратко време може да ја промени позицијата на која се наоѓа и да може да се насочи да гаѓа во втора цел.

Најголема карактеристика на носачот на оружје Парс 4x4 кој беше усовршен од страна на Акционерското друштво ФНСС Одбранбени системи за проектот носачи на оружје (СТА) е тоа што групата на моќта се наоѓа во задниот дел на возилото.

Парс 4x4 беше дизајниран така да може да обезбеди високо ниво на балистичка и заштита од мини.

Меѓудругото носачот на оружје Парс 4x4 може да се управува со далечинско управување и поседува безпилотна противтенковска кула.

На кулата која поседува балистичка заштита, се наоѓаат 2 противтенковски ракети и 1 митралез со калибар од 7,62 мм.



Слични вести