Првиот прототип на турскиот национален борбен авион ТФ-Х ќе полета во 2023 година

Потпретседателот за национална одрбана Џелал Сами Туфекчи додаде дека првиот прототип на националниот борбен авион ТФ-Х се планира да го реализира својот лет во 2023 година

Првиот прототип на турскиот национален борбен авион ТФ-Х ќе полета во 2023 година

Потпретседателот за национална одрбана Џелал Сами Туфекчи го посети УЗАЈТЕМ, Центарот за воздухопловни и вселенски технолошки истражувања и применувања при Универзитетот 19 мај во Самсун.

Во оваа пригода Туфекчи привлече внимание на развојот во сферата на одбранбената индустрија во Турција во последните години.   

Велејќи дека Турција со развојот што го постигнува во одбранбената индустрија во последните 15 години е дојдена во положба на земја чие име се повеќе се изговара, Туфекчи рече дека продолжуваат националните проекти во одбранбената индустрија.

Туфекчи напомена дека едниот од тие проекти е и проектот за национален борбен авион ТФ-Х.

Тој истакна дека со овој проект кој се води од страна на претседателството за одбранбена индустрија се има за цел да се развијат модерни авиони дизајнирани со домашни можности и способности, кои ќе го заземат местото на воените авиони Ф-16 кои се наоѓаат во инвентарот на Командата на турските воздушни сили и за кои се размислува почнувајќи од 2030 година постепено да бидат исклучени од употреба.

Потпретседателот за национална одрбана Џелал Сами Туфекчи додаде дека првиот прототип на националниот борбен авион ТФ-Х се планира да го реализира својот лет во 2023 година.



Слични вести