На турските воздушни сили предадени уште две беспилотни летала од типот АНКА-С

Продолжува испораката на беспилотните летала АНКА кои се произведуваат со домашни можности од страна на Турската компанија за воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ) на Командата на воздушните сили на Турција

На турските воздушни сили предадени уште две беспилотни летала од типот АНКА-С

На командата на турските воздушни сили и се предадени уште две беспилотни летала (ИХА) од типот АНКА-С (ANKA-S).

Продолжува испораката на беспилотните летала АНКА кои се произведуваат со домашни можности од страна на Турската компанија за воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ) на Командата на воздушните сили на Турција.

Во тие рамки во инвентарот на Командата на воздушните сили се внесени уште две беспилотни летала (ИХА) од типот АНКА-С.

На тој начин бројот на беспилотни летала (ИХА) од типот АНКА-С во инвентарот на турските воздушни сили се зголеми на 8.

Беспилотните летала (ИХА) од типот АНКА-С кои се развиени од страна на Турската компанија за воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ) освен вон видикот со способност за контрола од сателит можат да реализираат автономен лет и движење во денски и ноќни услови.

Испораките на системот АНКА-С кој што во склопот на системите на беспилотни летала (ИХА) доловија ниво на подготовка за операција на рекордно ниво, продолжуваат да се реализираат постепено.

Во тие рамки до крајот на годината се има за цел да бидат предадени уште две беспилотни летала (ИХА) од типот АНКА-С.

Беспилотните летала АНКА кои во стражата на татковинските територии достигнаа до летови во траење од 10 илјади часа воедно им придаваат сила и на активностите за воспоставување на пограничната безбедност и борбата против тероризмот.



Слични вести