Наградата на Кенан Софуоглу за спектакуларната трка на ТЕКНОФЕСТ му ја врачи претседателот Ердоган

На трката на ТЕКНОФЕСТ Исанбул помеѓу Формула 1 на Red Bull Racing, авион Ф-16, специјален џет Challenger 605, Aston Martin: The New Vantage, Lotus Evora 410, автомобил Tesla PL1000 DL и мотоцикл Kawasaki H2R победи Кенан Софуоглу со мотциклот Кавасаки

sofuoglu.jpg
teknofest kenan.jpg

На едниот од најдолгите авионски писти на новоизградениот аеродром на Истанбул чија изградба откако целосно ќе заврши ќе се стекне со титулата најголем аеродром во светот, на Фестивалот за воздухопловство, вселена и технологија ТЕКНОФЕСТ Истанбул се натпреваруваа во ист момент 7 најбрзи возила.

На оваа спектакуларна трка учествуваа 7 исклучителни возила и тоа; тркачки автомобил Формула 1 на Red Bull Racing едниот од најбрзите автомобили на светот, авион Ф-16 на акробатскиот тим Соло Турк, специјален џет Challenger 605, Aston Martin: The New Vantage, Lotus Evora 410, автомобил Tesla PL1000 DL и мотоцикл Kawasaki H2R.

Овие возила кои за прв пат се појавија во ист момент, еден покрај друг на тркачката писта им приредија извонредно визуелно шоу на гледачите.

На оваа историска трка мотоциклот Kawasaki H2R го возеше пратеникот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) и поранешен светски шампион на Суперспорт мотоциклистот Кенан Софуоглум автомобилот Tesla PL1000 DL познатиот пилот-возач Емма Кимилаинен, а автомобилот Формула 1 Џејк Денис еден од тест пилотите на Red Bull Racing.

На џиновската трка која се возеше на пистата долга 402 метри победи Кенан Софуоглу со мотоциклот Кавасаки со резултат од 9,34 секунди.

Софуоглу беше побрз од автомобилот на Формула 1 за 0,04 секунди и победи на оваа специјална трка.  

Освен тоа петкратниот светски шампион на Суперспорт мотоциклистот Кенан Софуоглу по овој повод се тркаше со авион Ф-16 и автомобил на Формула 1 на Red Bull Racing со што го рализира и својот сон.

Наградата, на победникот на оваа исклучителна и несекојдневна трка Кенан Софуоглу кој на финишот пристигна прв со резултат од 9,43 секунди му ја врачи лично претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

 

 



Слични вести