Мини беспилотното летало Бајрактар значаен патоказ на Турската одбранбена индустрија

Во споредба со конкурентите има многу поразвиени карактеристики и досега успешно оствари над 100 оперативни летови

Мини беспилотното летало Бајрактар значаен патоказ на Турската одбранбена индустрија

Мини беспилотното летало „Бајрактар“ на компанијата „Бајкар макина“ еден од позначајните патокази на Турската одбранбена индустрија.

Мини беспилотното летало Бајрактар може да се носи во мала портабл чанта. Сите делови на леталото можат да се спојат. По лесното монтирање може да започне со задачата.

Мини беспилотното летало Бајрактар кој претставува прв мини роботски воздушен систем има целосно домашно електронско и софтвер опслужување.

Леталото ги поседува следните карактеристики: автоматското следење на целната точка, сигурен и безбедносен комуникациски систем, автоматско полетување и патување, мобилна станица за полнење, навремена обработка на податоците.

Мини беспилотното летало во инвентарот на Турските вооружени сили влезе во 2007 година и стана окото на турските војници од воздух.

Во споредба со конкурентите има многу поразвиени карактеристики и досега успешно оствари над 100 оперативни летови.

Може да се употребува во најтешки географски и временски услови. Снимките кои што ги снима од небо веднаш ги пренесува на екранот.

Мини беспилотното летало Бајрактар има мошне ефективна улога во борбата против тероризмот и во 2012 година беше реализирана првата продажба во странство на катар.

Оваа продажба во историјата на републиката беше забележана како прв извоз на беспилотно летало од домашно производство во странство.



Слични вести