Хеликоптерите Атак чија испорака продолжува воедно се стекнуваат и со нови способности

Со новите испораки се зголемува бројот на хеликоптерите Атак во енвентарот на турските безбедносни сили, а истовремено продолжуваат и работите за производство на нови хеликоптери од овој тип чии способности ќе бидат уште повеќе усовршени и развиени

Хеликоптерите Атак чија испорака продолжува воедно се стекнуваат и со нови способности

Во период кога со новите испораки се зголемува бројот на хеликоптерите од типот Атак во енвентарот на турските безбедносни сили, истовремено продолжуваат и работите за производство на нови хеликоптери од овој тип чии способности ќе бидат уште повеќе усовршени и развиени.

Продолжуваат работите за испорака на офанзивните и тактичко извидувачки хеликоптери Атак од типот Т129 кои што беа развиени за обезбедување на потребите од офанзивни и тактичко извидувачки хеликоптери на Турските вооружени сили (ТВС) и тоа под координација на Управата за одбранбена индустрија.

Турската компанија за воздухопловство и вселенска индустрија (ТАИ) како последно во ист ден ја реализира испораката на 38-от, 39-тиот и 40-сетиот хеликоптер Атак со што бројот на испорачаните хеликоптери во текот на оваа година достигна до 13.

Испораките ќе продолжат и во текот на останатиот дел од оваа година и до крајот на годината ќе биде ставен во употреба уште најмалку еден хеликоптер.

Од друга страна продолжува да се работи на прототипите и за новите хеликоптери Атак чии способности за комуникација и електронско војување ќе бидат уште повеќе зголемени и ќе бидат опремени со нови софтвери.

Хеликоптерот од типот Атак се појавува како најефикасен хеликоптер од оваа класа.

Кога ќе се земат во предвид променливите потреби за војување, хеликоптерот Атак се прикажува како најефикасен хеликоптер од оваа класа во смисла на перформансот и способноста на маневрирање.

Атак од класата хеликоптери со тежина од 5 тони се одделува од своите ривали со следните способности: Тој е многу полесен, може да остане во воздух подолго време, располага со поголеми способности на маневрирање за време на високи температури и на поголема височина. Додека неговите ривали можат да останат во воздух 1,5 до 2 часа Атак со 3 часа летање во воздух ги остава зад себе сите нив.

Атак воедно со системот на оружје опремен со нова муниција располага со висока огнена моќ.

Исто така во блиско време се очекува да биде претставен пред јавноста и проектот за офанзивен хеликоптер Атак 2 кој што се реализира за производство на поголем и поспособен офанзивен хеликоптер од сегашниот Атак. 

Хеликоптерот Атак 2, во правец на технолошкото и оперативното искуство здобиени со Атак Т129 ќе биде дизајниран во потполност со национални, домашни можности и способности.

 



Слични вести