Во германските градови Келн и Бон се воведува забрана за дизел возилата

Федералниот административен суд во Келн одлучи почнувајќи од 1 април 2019 година да се воведе забрана за излегување во сообраќај за некои дизел возила во градовите Келн и Бон

Во германските градови Келн и Бон се воведува забрана за дизел возилата

Во градовите Келн и Бон во Германија почнувајќи од 1 април 2019 година ќе биде воведена забрана за употреба на некои дизел возила.

Федералниот административен суд во Келн одлучи почнувајќи од 1 април 2019 година да се воведе забрана за излегување во сообраќај за некои дизел возила во градовите Келн и Бон.

Согласно одлуката на судот, старите дизел возила од Евро 4 еко-стандард почнувајќи од 1 април 2019 година не ќе можат да влезат во градовите Келн и Бон.

Забраната за која што станува збор почнувајќи од 1 септември 2019 година ќе се однезува и на дизел возилата од Евро 5 еко-стандард.

Со оваа забрана се има за цел да се намали загаденоста на воздухот во овие два наведени града.

Локалната самоуправа на градот Келн планира градските автобуси кои што се користат за колективен превоз почнувајќи од 2019 година да бидат заменети со електрични автобуси.

 



Слични вести